Цените на становите последнава година паѓаат, а се намалува и побарувачката, укажуваат агентите за недвижнини. Според нивните сознанија, во државата во моментов има поголем број непродадени станови. Претседателката на Групацијата на агенции за недвижнини во Стопанска комора на Македонија, Лилјана Ковачева вели дека овие трендови се очигледни, иако никој во државата не води официјална статистика за да може да се кажат одредени бројки или проценти. Исто така, не се води евиденција ниту за бројот на непродадените станови. Најголем е интересот за помалите станови. Се купуваат скромни, помали станчиња за да може да се стартува со нешто свое. Според Ковачева во моментов падот на цените го предизвикува пазарот, кој реагира на зголемената понуда на станови и во одреден обем намалената побарувачка. Паѓаат и кириите и како што објаснува таа, кај нив трендот на намалување почнал многу пред падот на продажните цени.
Цените на становите последнава година паѓаат, а се намалува и побарувачката, укажуваат агентите за недвижнини. Според нивните сознанија, во државата во моментов има поголем број непродадени станови.
Претседателката на Групацијата на агенции за недвижнини во Стопанска комора на Македонија, Лилјана Ковачева вели дека овие трендови се очигледни, иако никој во државата не води официјална статистика за да може да се кажат одредени бројки или проценти. Исто така, не се води евиденција ниту за бројот на непродадените станови.
- Најголем е интересот за помалите станови. Се купуваат скромни, помали станчиња за да може да се стартува со нешто свое - вели таа.
Според Ковачева во моментов падот на цените го предизвикува пазарот, кој реагира на зголемената понуда на станови и во одреден обем намалената побарувачка. Паѓаат и кириите и како што објаснува таа, кај нив трендот на намалување почнал многу пред падот на продажните цени.
Се оценува дека влијание на функционирањето на пазарот на недвижнини има и нерегулираниот бизнис за посредување при прометот со нив. Во Македонија нема посебна законска регулатива за агенциите за недвижнини и тие работат според неколку одредби во неколку закони. Во Централниот регистар се впишани околу 200 трговски друштва кои меѓу другото можат да посредуваат во прометот со недвижнини. Низ целата држава реално работат 50 до 70, а поактивни се 40 до 50, а има и нелегални. Затоа, коморската Групација бара донесување посебен закон за посредување во промет со недвижнини, чиј текст го подготвува за да и го понуди на Владата. Се предлага дел од прометот со недвижнини да оди преку овластени друштва, лиценцирање на агентите, како и тоа и градежните компании да имаат обучени вработени за продажба.
- Потребно и важно е да имаме законска регулатива во оваа област, зашто меѓу другото, тоа е и една од смерниците за пристапување кон ЕУ. Сите членки на Унијата имаат вакви закони. Донесувањето ваков закон и кај нас ќе ја подобри климата за работа, а и граѓаните ќе знаат дека соработуваат со професионалци - вели Ковачева.